Зошто сме сé подебели?

Резултатите од студијата на Центарот за истражување и лечење на гојазност на САД, покажуваат дека возрасните луѓе во 1970-тите ем јаделе повеќе храна, ем помалку вежбале, ем не се гоеле во толку голема мера како денес.

Луѓето од последниве децении, пак, кога внесуваат идентична количина калории и физички се активни колку што биле луѓето во ’70-тите, имаат сериозни проблеми со вишокот килограми.

Во студијата била следена исхраната на 36.400 Американци во периодот од 1971 до 2008 година, како и физичките активности на 14.419 Американци во периодот меѓу 1988 и 2006 година. Сумирано, резултатите покажуваат дека дури и кога луѓето што денес се хранат и вежбаат како тие во минатиот век, сепак се 10% погојазни.

Прочитајте и:  Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија

Наспроти најчестата мантра, студијата наведува дека во одржувањето на саканата телесна тежина има многу повеќе отколку воспоставување на рамнотежа меѓу внесените и согорените калории. Според истражувачите, главните виновници за гојазноста се загадувачите, антибиотиците и пестицидите во различните видови храна – кои влијаат на хормонските процеси одговорни за телесната тежина.

Се наведува дека важна улога има и начинот на живот. Не, не седењето, туку претераната изложеност на светлина во текот на ноќта, како и стресот, но и прејадувањето во доцните часови.

Како причина се наведува и сé почестото консумирање на лекови (како антидепресивите), но и промените во стомачната флора – кои се резултат на зголемената консумација на вештачки засладувачи и месо.

- Реклама -