Заев: Заврши времето на МВР-ВМРО, никој не размислува ниту има потреба од такви работи

Заев и Спасовски на свечената промоција на нови полициски службеници, 2019-та

„Како претседател на Владата, го потврдувам тоа што го потврди и Министерството, односно дека нема никакви докази за систем организиран преку МВР“, изјави премиерот и лидер на СДСМ – Зоран Зае, на новинарско прашање во врска со обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ за Вибер групи на вработени во полицијата кои вршеле политички прогон и притисоци врз политички неистомисленици на власта.

„Даден е налог, луѓе вработени во МВР доколку создавале такви групи, внатрешна контрола и сите релевантни служби да го обелоденат тоа комплетно заради тоа што секој може да создаде своја приватна група“, рече Заев.

Тој тврди дека актуелната власт не посегнува, ниту има потреба од такви методи.

„МВР-ВМРО заврши времето. Ниту некој размислува во тој правец, ниту има потреба од такви работи. Имаме исклучително фер, слободни и демократски избори. Видовме дека не се точни обвинувањата оти се носат црни вреќи во Битола, кога се отвораат црните вреќи гледате количка за детенце“, рече Заев, според кого таквите обвинувањата нема да поминат, затоа што, како што истакна, нема потреба ниту кој било политички субјект, поголем или помал, да размислува во таков правец.

„Победници на изборите сме сите, доколку имаме фер, слободни и демократски избори“, додаде тој.

Тој апелираше да се води заедничка грижа во вториот круг од Локалните избори и во текот на кампањата, денот на молкот и секако на денот на изборите. Според него, најголема одговорност е на владејачките партии од коалицијата, кои ги повика будно да следат и да бидат одговорни за да иаме фер, слободен и демократски изборен процес.

Извор: МИА

- Реклама -