Заев за барањата на албанската опозиција: Нема потреба уште повеќе да се отвара Пандорината кутија

Коментирајќи ја изјавата на Бујар Османи во гостувањето на Телма, во која вицепремиерот порача дека и Охридскиот рамковен договор треба да биде вклучен во преамбулата на Уставот, премиерот Зоран Заев вели дека тоа прашање е затворено уште во 2001 година.

Заев не е расположен ни за барањата на албанската опозиција за дополнителни уставни измени, посочувајќи дека со таквите Пандорината кутија во Македонија би се отворила уште повеќе, а потреба за такво нешто, според премиерот, нема, пренесува Alsat M. Изјавата можете да ја погледнете ТУКА.

Прочитајте и:  Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати
- Реклама -