Ако сме патpиоти, да ѝ помогнеме на државата, повикува лидерот на СДСМ – Зоран Заев, во интервју за ТВ Здравкин, зборувајќи на темата за иселувањето на (не само) младите.
„Светот денеска е глобално село и во авион, воз, автобус можете да се најдете секаде. Денеска сте овде, утре сте во Токио, Брисел, Берлин, Берн, било каде. Суштината е што помалку луѓе да ни бeгaaт и ако може, што повеќе да се враќаат“, вели тој.
Сепак, потенцира, за луѓето да не си заминуваат и згора на тоа и да се враќаат, предуслов е тоа да се овозможи. А формулата, вели, е едноставна и нема што ново да се измислува:
„Работа да им обезбедиме тука, за достоинствени плати. И тоа не е доволно. Мора да обезбедиме добро образование за децата на младите, добро здравство – кога ќе се paзболи некој да си го најде лeкот дома, кога ќе бараме правда да имаме правосуден систем којшто ќе дели правда еднакво за сите. Кога ќе сакаме да сме слободни да имаме содржини – да излеземе со пријателите, другарите, семејството, децата. Да направиме амбиент доволно примамлив, за квалитетен живот овде“.
Тоа е возможно единствено ако земјата се интегрира во НАТО и ЕУ, а таа интеграција е возможна само со решавање на проблемите коишто ги имавме, порача Заев.
Според него, СДСМ тоа го направила:
„Денеска, 60 илјади работни места за 2.5 години се отворени. Просечната плата во тие нови работни места е 485 евра. Тоа се преку 80% млади луѓе до 32 години што се вработиле. Тие веќе останале тука. Ако не се отворени тие работни места голем дел од нив и би заминале. Дај боже да ги отвориме и работните места за оние малку 17% коишто останаа невработени, да имаат работни места, ама не било какви, туку квалитетни работни места, коишто насабајле нозете нема да ги враќаат назад, туку ќе си ја сакаат работата, ќе се осеќаат продуктивни, ќе имаат шанси да напредуваат и да имаат уште поголеми плати, како што е секаде во светот“, рече Заев.
„Затоа ја испраќам секогаш пораката до младите; Денеска дури и тие што работат може да одлучат да одат во Германија, Швајцарија, Италија. И веројатно таму ќе земаат поголема плата. Но прво што треба да направат е пресметка – дека кога ќе ја платат киријата, трошоците на живот, ќе видат дека помалку ќе им останат отколку дома ако работат. Вториот дел е предизвикот на животот, на младоста. Таму, Германија веќе е на висок стандард. Бранот е дигнат и се качуваш и се возиш на него. Овде НИЕ ќе го креваме бранот. НИЕ ќе ги направиме промените. НИЕ ќе учествуваме во предизвикот на нашиот живот. Таму е досадно и животот ќе помине. Тука предизвикот е силен и ќе биде животот исполнет“, порачува поранешниот и претендент за нов премиер по избopите на 12 април.
„Затоа, не велам дека не треба да размислуваме и надвор дали да одиме или не – примамливи се повисоките плати, но на крајот, дали останува доволно толку за да биде вредно да го напуштиме огништето, отколку вредноста да останеме дома, со своите роднини, родители, пријатели, другари. Овде да креираме и ако сме патриоти, да ѝ помогнеме на државата. Генератор на развојот се младите. Движечка сила насекаде се младите. Затоа очекувам сѐ повеќе и повеќе млади да ни остануваат овде, ама и се надевам – со сите работни места, информатичките технологии, сериозните странски инвестиции што се случуваат во државата – ќе вратиме и многу млади луѓе кои заминале, заради тоа што, реков, не се среќни сите што заминале надвор од државата. Некои од нив бараат просечна плата добра, да имаат добри услови би се вратиле веднаш. И почнаа некои млади да се враќаат и се надевам дека тоа ќе биде многу видливо, многу попрепознаено за да го доживееме во нашата земја“, рече Заев.
Во контекст на иселувањето, Заев додаде и дека најмногу од државата заминуваат лекарите и медицинските сестри. Затоа, вели, сега специјалистите во Скопје имаат плата по 120.000 денари, оние во Велес по 90.000 денари. Зголемени се значително капитациите на матичните лекари, на стоматолозите… Сестрите, учителите, негувателките и воспитувачите имаат зголемени плати над 20 отсто. Според него, не само платите во јавниот, туку растат и платите во приватниот сектор.
„Ниту еден не остана без работа, ниту пак некоја фирма се затвори поради тоа што минималната плата се зголеми толку многу“, рече тој.