Заев вети минимална плата од 20.000 денари и покачување на најниските пензии за 21%, Филипче вети зголемување на платите на медицинските работници за 40%

До 2024 година, односно до крајот на новиот мандат, СДСМ и коалицијата „Можеме“ ќе ја зголемат минималната плата на 20.000 денари. Просечната плата, пак, ќе достигне 34.000 денари. Ова денеска го најави лидерот на СДСМ Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со Љупчо Николовски и Венко Филипче во Штип.

Покрај зголемување на платите, Заев најави и зголемување на пензиите, и тоа согласно со трошоците за живот. До крајот на мандатот, рече, најниските пензии ќе се зголемат за 21%.

Актуелниот министер за здравство Венко Филипче, пак, најави зголемување на платите на медицинските работници за 40% до крајот на мандатот, односно секоја година по 10%. Најави и субенција од 12.000 денари за решавање на станбеното прашање, за сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Зголемување на платите и пензиите најави и ВМРО-ДПМНЕ, и тоа за 20% и 25%/

- Реклама -