Заев: „Со векови наназад генетската нишка на ВМРО-ДПМНЕ е иста – гола политика, борба за пари, власт, моќ и немање став“

Заев му понудил заедничка влада и пола од министерствата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, му понудил дури и да се договорат за премиер, но Мицкоски не ја прифатил понудата, рече претседателот на СДСМ на синоќешната трибина во Охрид.

Понудата, како што вели Заев, ја упатил не само за заедно да го потпишат Преспанскиот договор, туку и заедно да го остварат НАТО членството и да ги отворат поглавјата во преговорите за членство во Европската унија. Бил мотивиран, вели, од тоа што народот постојано и до двете партии порачувал „дај бе застанете еднаш заедно, застанете бе заедно за државата“.

Според Заев, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја одбиле понудата не затоа што немале став, туку зашто бегале од одговорност. Тоа, оцени Заев, е дел генетска нишка која со векови (???) е иста:

„Понудив пола од министерствата, за премиер да се договориме, сѐ! Не немаа став, бегаа од одговорност! Затоа што со векови наназад кога ќе погледнете која е таа генетска нишка, иста е и сега: гола политика, борба за пари, власт, моќ никогаш одлуки и немање на ставови. Тоа е истото тоа ВМРО-ДПМНЕ, и затоа ќе бидат опозиција“, рече Заев.

 

- Реклама -