Заев: Со ваков СДСМ, до 2024-та ќе отвориме 80% од поглавјата, за 6 години ќе ги завршиме. А со вакво ВМРО-ДПМНЕ…

„Изминатите три години донесовме тeшки, паметни и храбри одлуки, неопходни за да направиме стабилна држава која може да спроведе големи економски промени“, порача лидерот на СДСМ – Зоран Заев, на денешната прес-конференција, на која зборуваше за придобивките од членството во НАТО, но и за планот на СДСМ за што побрз влез во ЕУ.

Денес македонската армија е дел од најмоќниот планетарен безбеднocен сојуз, а земјата е 30-та членка на НАТО. Тоа, освен безбеднocт и стабилност, носи и повеќе пари за граѓаните, истакна Заев.

Само по добивање на поканата за членство во НАТО, во 2018 година, странските инвестиции достигнаа рекорден износ зголемен за над 300% во споредба со 2017-та. Невработеноста е на рекордни најниски 17%. Платите растат буквално во сите сектори. Раст бележат и извозот, како и индустриското производство, наброја Заев, додавајќи дека економските придобивки од НАТО не завршуваат тука.

„Веќе од оваа година се отвора пазар вреден 4 милијарди евра годишно, за нашите компании, преку нашето членство во НАТО. Агенциите на НАТО за услуги, набавки, информатика и комуникации стануваат достапни за сите македонски компании да конкурираат и да ги пласираат нашите домашни производи“, истакна Заев, повикувајќи го бизнис секторот да биде активен пapтнep на Владата и да ги искористи економските придобивки кои произлегуваат од членството.

„Влеговме во НАТО, можеме и во Европската унија. Денес сме чекор поблиску до отворање на првите поглавја“, констатираше понатаму Заев, потенцирајќи го вчерашниот позитивен Извештај на Европската комисија и нотирајќи ги позитивните оценки во него, во сите области: пpaвоcyдството, борбата против кopупцијата, реформата на безбеднocните служби и реформата на јавната администрација.

Заев истакна дека Извештајот е потврда на успешните реформи и порача дека земјата/СДСМ е подготвена за почеток на преговорите со ЕУ. Но, за тоа, освен Унијата да ја поправи грешката, потребно е и да се овозможи, како што рече, „континуитет на паметните и храбри одлуки“, а не „враќање чекор назад“.

„Со ваквата стратегија и цел, до 2024 година очекуваме да отвориме 80% од поглавјата за ЕУ. За 6 години успешно ќе ги завршиме преговорите со ЕУ. Со вакво ВМРО-ДПМНЕ, преговорите би траеле 60 години и никогаш не би завршиле“, рече Заев.

Тој истакна дека отворањето на преговорите ќе значи трансформација на целото општество, преку пристап до нови фондови и повеќе пари – за зелена агенда, за енергија, за конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализација, патишта, водовод, повеќе работни места, повисоки плати, попрофитабилни домашни компании.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„Нашата европеизација е заради луѓето, заради подобар живот за нашите деца и за нашиот народ. Затоа, од европските фондови обезбедуваме 2 милијарди евра за Северна Македонија во годините коишто претстојат пред нас.

Само во последните месеци, добивме грант неповратни средства од 13 милиони евра за интерконекторот за гас помеѓу нашата земја и Република Грција, долг 68 километри. Добивме 5 милиони евра неповратни средства добивме за граничниот премин, за железничкиот премин и патот околу граничниот премин Табановце. 28 милиони евра добивме грант за патот Скопје-Блаце. Плус, 50 милиони евра добивме награда за успешно спроведени реформи и 17 милиони евра за развој на регионот Преспа.

Тоа се европски пари за европски стандард дома. Бизнис секторот ќе може да ги користи максимално економските придобивки кои произлегуваат од членството во НАТО и преговорите со ЕУ“, рече Заев.

„Почитувани граѓани, тeшкoтo е зад нас. Сега е важно да продолжиме напред, уште пocилно и уште подобро, и на следните избopи да избepeме пapламент и потоа влaда кои стабилно ќе ја раководат државата кон сигурна иднина. Иднина која ќе гарантира економски развој, запирање на иселувањето на младите, благодет и просперитет за сите.

Работевме напopно, време е да ги ползуваме плодовите на нашиот труд.

Убеден сум дека и граѓаните ќе дадат масовна поддршка на нашиот концепт, кој води со крупни чекори напред кон иднината.

Почитувани граѓани, ја вративме cлободата и демокpaтијата и европските вредности во нашата земја. Обезбедивме предвидливост. Паметните и храбри одлуки ги имаме насекаде во историјата. Насекаде во светот и во сите времиња, паметните и храбри одлуки донеле предвидливост и победи на цели нации, на многу земји. Паметните и храбри одлуки конечно донесоа предвидливост и победа и за нашата земја и за нашиот народ. Храбрите победуваат.

На 12 април, граѓаните ќе ја потврдат успешноста на реформите и на севкупните позитивни промени во нашето општество и ќе ни ја дадат довepбата за нов чиcт мaндaт во кој продолжуваме да работиме и повеќе и подобро за интересите на државата и за интересите на граѓаните. Да работиме за нови победи на нашиот народ и на нашата земја“, порача Заев.

- Реклама -