Заев: Следува инвестициски циклус од пет милијарди евра

Зголемен БДП за над 40 отсто, позитивен раст на платите, намалена невработеност, вратена доверба кај инвеститорите, зголемени вложувања, се само некои од показателите содржани во најновата ревизија на Светската трговска организација (СТО) што покажува дека нашата економија е на добар пат, а владините политики даваат резултат, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Заев на прес-конференција во Владата, соопштувајќи ги, како што рече, бројките и фактите објавени од СТО на 15-ти јули годинава, најави нов инвестициски циклус од пет милијарди евра.

– Создадовме реална, силна економија. Направивме се за да ја оттргнеме економијата од бизнисот. Ревизијата на СТО е уште еден доказ дека економските политики на Владата даваат резултат. Оваа, 2019, навистина ќе биде година на економијата, потенцира Заев.

- Реклама -