Заев: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ МЕНУВА КОН ПОДОБРО

Добрите вести за почеток на преговорите со Европската унија и за членството во НАТО е силна порака за младите во нашата земја. Северна Македонија се менува кон подобро – овде може да се живее добро, а развојот ќе биде побрз само ако младите се ангажирани, тука во својата земја, вели премиерот Зоран Заев во видео пораката што ја објави на неговиот ФБ профил.

Тој нагласува дека посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео е од големо значење за земјата.

-Верувам дека добрата вест од Брисел позитивно ќе влијае врз целиот регион, ќе биде испратена пораката дека Западен Балкан е интегрален дел од Европа, ќе биде награден напредокот на реформите и решавањето на тешките проблеми, вели Заев и додава дека тоа ќе ги охрабри и другите земји во регионот да покажат храброст во решавањето на тешките прашања.

- Реклама -