Вчеравечер Премиерот Заев во изјава за новинарите, помалку налутено изјави дека нема да дозволи некои криминалци, еден суетен новинар и еден педер да му ја рушат владата.
Потоа на социјалните мрежи се развија огромни реакции за неговата изјава. Новинарот Бранко Героски се препознал во неговата изјава, иако Премиерот Заев не го именуваше него, па така, изјавата за суетен новинар може да важи за било кој новинар.
Заев на Твитер се извини на ЛГБТ заедницата и напиша дека тој и во иднина, како и досега ќе се залага за нивните права. Притоа тој напиша дека спорниот збор го напишал за да изрази карактерна особина, а не да ја навреди заедницата.