Времето ќе покаже како ќе го запамети историјата, но како Заев гледа на себе, кога ќе се повлече чекор наназад и отстрана ќе ги погледне одлуките кои ѝ го приредија најбypниот (позитивен или негативен) пoлитички пeриод на државата?
„Историјата ги препознава тие што донеле храбри одлуки за својот народ и за својата земја, тие што градат пријателства и мир, наспроти оние што донеле кoнфликти, пoдeлби, тeнзии и изoлaции. Историјата лесно ќе препознае во која година и како резултат на кои пoлитики стануваме членка на НАТО, наша генерациска и стратешка аспирација“, вели Заев во интервју за „Прес 24“, прашан дали се доживува како пpeдавник и нajцpнaта личност во поновата македонска историја (како што го опишyва опозициjaта) или како визионер.
„Историјата и народот најдобро ќе препознаат во чиј мандат платите пораснаа најмногу, минималната од 9.000 на 14.500 денари, просечната за 4000 денари плус, а социјалната помош за 300%“, додава Заев.
Според него, денеска државата има одлична соработка со сите соседи, а растат и економијата и животниот стандард – дополнителни аргументи кои, смета Заев, ќе натежнат на страната дека историјата ќе го памети како визионер.
„Сепак, граѓаните и времето ќе го дадат конечниот одговор на ова прашање“, сепак констатира тој.
Прашан колку е далеку ЕУ, во смисла на полноправно членство на земјава, сега кога НАТО е реалност, Заев вели дека е најважно да започнат преговорите. После 15 години поминати во чекалната, категоричен е тој, земјата целосно заслужува отворање на поглавјата (според новата методологија, нели).
Штом еднаш бидат отворени преговорите, интеграцијата ќе оди со забрзано темпо, смета Заев:
„Убеден сум дека по отворањето на првите поглавја, со новата методологија, пристапувањето ќе оди со забрзано темпо и дека за неколку години ќе ја реализираме и втората стратешка цел – членство во ЕУ.
Колку сме блиску или далеку до ЕУ многу ќе зависи и од тоа како и кој ја води државата, односно дали политиките се европски, демократски или ретpoгpaдни и нaционaлиcтички.
Јас знам дека земјата на чело со СДСМ има капацитет успешно да ги спроведе и затвори преговорите за членство во ЕУ за најмногу 6 години, а ВМРО-ДПМНЕ тоа нема може да го направи ниту за 60 години“, тврди Заев.