Заев: Постигнат е договор, минималната плата се зголемува на 14.500 денари

Постигнат е договор со бизнис заедницата и синдикатите за зголемување на минималната плата на 14.500 денари, соопшти премиерот Зоран Заев на владина седница.

Тој истакна дека резултатите од претходното покачување покажале дека владата е на добар пат и потсети дека пред точно две години минималната плата била зголемена за 3.500 денари, така што денес изнесува 12.507 денари, а отсега ќе порасне за уште 2.500 и ќе изнесува, како што рече, „историски највисоки“ 14.500 денари.

Премиерот истакна и дека постојано се зголемува просечната плата, а до крајот на мандатот најави постигнување на целите – просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари.

- Реклама -