Заев оди на одмор, влада ќе се формира по Илинден

 

„Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ“, велат од партијата која чиј лидер Зоран Заев, како што велат, го освои мандатот за составување на следната „уште поодговорна и поотчетна Влада“.

На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ – велат од СДСМ, додавајќи дека иднината е обезбедена и државата продолжува на вистинскиот пат.

Воедно, од СДСМ информираат дека претседателот Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата, но уверуваат дека законските рокови ќе бидат целосно запазени и дека, како што велат, државата ќе добие функционални и легитимни институции.

- Реклама -