„Нема никакви причини Владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5-ти јули“, изјави лидерот на СДСМ – Зоран Заев, за весникот „Вечер”, пренесе МИА.
Како што објаснува Заев, вонредната сосотојба досега се носела заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството, а Владата во моментов не гледа потреба од четврт пакет економски мерки, бидејќи третиот пакет, кој веќе е донесен, ќе се реализира/трае до есен.
Заев потсетува и дека вонредната состојба нема никаква поврзаност со рестриктивните мерки против ширење на коронавирусот.