Заев: Нема да има врзан потпис, „прв вицепремиер“ значи дека ќе ме менува на седници

Новиот премиер Зоран Заев ги демантира информациите дека одлуките како премиер ќе ги носел со согласност на „првиот вицепремиер“ Артан Груби со врзан потпис и дека ќе се оди кон законски измени за да се овозможи тоа.

Според Заев, „прв вицепремиер“ значи дека ќе го менува премиерот кога е отсутен за водење седница, прием на делегација и сл. …

„Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи. Секако во идната влада планирам да имам четири вицепремиери, од кои тројца на предлог на СДСМ и еден од ДУИ, кој ќе биде именуван за прв вицепремиер“, рече Заев.

Како што истакна тој, назначувањето на Артан Груби, односно кадар од ДУИ, за прв заменик на премиерот, е заради подобра координација меѓу двете политички партии, како што рече, во делот на преземањето на одговорноста, со цел ефикасно донесување одлуки. Именувањето на Груби, кој ќе раководи и со Министерството за политички систем, има за цел и „да се даде важност“, додаде Заев.

Прочитајте и:  Стоилковиќ: Во Министерството за односи меѓу заедниците недостасувале 40.000 евра
- Реклама -