„Не се чувствувам помалку Македонец од вас. Не верувам дека вас повеќе ве боли македонштината од мене. Но, истовремено, гајлето и обврската да обезбедиме иднина, преку верификација на мојот идентитет, на вашиот, на нашиот идентитет, ме прави озарен пред иднината која ја очекуваме, со надеж дека навистина ќе ни ги задржи младите тука и ќе ѝ обезбеди иднина на нашата земја“, вели премиерот Зоран Заев во видео исечокот од неговото обраќање на вчерашната седница за пратенички прашања, кој премиерот го сподели синоќа на Фејсбук.
„И тоа беше одлучноста, без разлика на политичките цени – дај да носиме одлуки. Тоа нѐ прави различни од сите премиери и од сите влади досега и тоа право никој не може да ни го земе затоа што зборуваме за 28 години независна Македонија.