Заев: Не очекуваме предвремени избори, до редовните во 2024-та ќе се посветиме на економијата

Премиерот Зоран Заев на денешниот состанок со федералниот министер за надворешни работи на Република Австрија – Михаел Линхарт, рече дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и очекува негово зголемување.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека не очекува да има предвремени парламентарни избори.

„Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори, напротив – до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата“, рекол Заев на средбата со Линхарт.

МИА

- Реклама -