Народот направи многу важен избор, граѓаните кажаа големо „за”. Сега кога имаме мнозинска изразена волја за европска Македонија време е пратениците во Собранието да го следат гласот на мнозинството со цел да ги забрзаме процесите, порача премиерот Зоран заев на прес-конференцијата за референдумското изјаснување.
„Гласот на граѓаните е јасен повик сите политички партии да му се приклучат на процесот и да работат на зедничката цел. Ги повикувам сите одговорни лидери да се обединиме и да ја одведеме нашата земја таму каде припаѓа, во ЕУ и НАТО”, рече Заев.
Според него, сите знаат дека подобар договор со Грција нема и не може да има, исто како што алтернатива за НАТО и за ЕУ нема и не може да има.
Заев упати покана до секој член на македонскиот Парламент да ги стават интересите над државата над политиката, бидејќи ова е момент кога пратениците со својата одлука имаат обврска да ја направат Македонија подобра земја.
„Единствена друга демократска алатка се предвремени парламентарни ибори веднаш”, додаде Заев.
МКД.МК