Заев најави најголем скок на македонската економија и 600 евра просечна и 300 евра минимална плата

Нов и цел четиригодишен мaндaт кој ќе биде посветен на економијата, најави денеска претседателот на СДСМ – Зоран Заев, претставувајќи ја економската програма 20-24 на СДСМ.

Заев најави поддршка од вкупно 600 милиони евра за бизнисот, од кои со 300 милиони евра државата ќе ги поддржи домашните и странските инвестици, а исто толкава сума, но европски пари, ќе потроши на развој на домашната економија.

Со овие мерки, рече Заев, невработеноста од 17.1% ќе се намали на помалку од 8%, посебно кај младите, каде од 35% ќе биде намалена на 20%.

Заев најави и нагорен тренд на пораст на платите. Според него, просечната плата ќе се искачи на 36.000 денари, додека минималната плата ќе достигне 18.000 денари.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Покрај ова, Заев најави и зголемување на платите во образованието и здравството, од 20%. Подобрување на условите за работа Заев вети и во ИТ индустријата, односно во овој сектор персоналниот данок ќе биде намален на 0%, веќе во 2023 година.

Како што рече Заев, овие мерки ќе доведат до уште поголем раст од оној во изминатите 2.5 години, кој исто така претставувал сериозен исчекор во економијата.

Заев го потенцираше и членството во НАТО, кое, како што рече, ќе донесе рекорден број странски инвестиции.

- Реклама -