„После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија“, соопшти премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
Како што пишува, на Борисов му пренел дека донирањето на дел од вакцините кои ги набавила бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет.