По неколку часа тет-а-тет средба, лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се договорија за одложување на пописот закажан за во април.
Според договореното, пописот наместо во април ќе се спроведе од 5 до 30 септември годинава, до кога треба да се вакцинирани и сите попишувачи. Во тој контекст, премиерот Заев најавил дека во текот на април ќе стигнат околу 350 илјади вакцини, а до мај околу 2 милиони дози, што е доволно да се имунизира целото население.
Што се однесува до локалните избори, тие ќе бидат одложени за втората половина на октомври. Постигнат е и договор уште од утре да започне постапката за изгласување на измените на Изборниот закони, со цел да се овозможи гласање со отпечаток од прст.
Мицкоски негираше дека за влада за национален спас или експертска влада.
Тој додаде дека денешната успешна средба претставува основа и за други такви во иднина.