Заев: Левица е виновна што немаме измени на Изборниот законик

Премиерот и претседател на СДСМ – Зоран Заев, денеска изјави дека поради Левица, која имала 750 амандмани за Изборниот законик, не се предложени измени на Изборниот законик. За усогласените решенија за медиумско претставување, според него, ДИК и Агенцијата за медиуми треба да донесат подзаонски акти.

„Не знам која опозициска партија ме обвинува, но го знам виновникот. Левица. Со 750 амандмани го блокираат законот. Јас сум информиран, како што реков, од претседателот на Собранието – Талат Џафери. Не може да најде решение внатре соодветно решение во Парламентот. А имајќи во предвид дека најголемото барање на опозицијата – фингерпритот, внатре е вграден за измените на зкаонот, вградени се најголемите препораки на ОБСЕ/ ОДИХР, изнајдено е решение. Благодарен сум до министерот за правда ДИК и Агенцијата за медиуми за медиумското претставување. Формулацијата којашто беше предложена во новиот закон верувам дека сите овие институции ќе ја адаптираат со правилници и упатства за да може тоа да биде како усогласена формулација за сите партиципиенти. Четирите поголеми партии, помалите партии за нивно учество“, рече Заев.

Според него, кога е блокиран законот во демократија и во Парламент и не постои решение во предвечерието на изборите тоа да се одблокира, претседателот на Собранието одлучил заедно во координација веројатно со пратеничките групи дека нема да се донесат последните измени кои беа поднесени во Парламент.

Заев посочи и дека и законот за личните карти е блокиран од Левица.

МИА

- Реклама -