„Некои наши граѓани носат и такво чувство – дека се излажани. ЕУ со тоа треба да се соочи“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Вечер“, додавајќи дека сме жpтви на историска грешка и разбирливо е што граѓаните се чувствуваат разочарани и огорчени. „Сочувствувам со гневот и тeгoбнocта на граѓаните. И јас сум разочаран и лут, и знам дека целиот наш народ така се чувствува… Во Брисел ни беше направена голема непpaвда. Европската Унија не го испорача тоа што ни го вети“, констатира тој.
Заев повтори дека земјава си ги завршила своите обврски, но дека ЕУ е таа што не си останала на зборот. Сепак, истакнува, друга алтернатива освен евроатлантскиот пат земјава нема, а и никој, тврди, вклучително и тој самиот, сѐ уште не го смета процесот на проширување за завршен.
За „најавената“ посета на Макрон во земјава, која воопшто не е извесно дали ќе се случи, премиерот смета дека ги има потребните аргументи за да го разубеди францускиот претседател:
„Ние имаме аргументи да укажеме дека одлуката да не ни биде даден старт за преговори е историска грешка и дека е доведено во прашање проширувањето како инструмент од исклучително значење за вградување и живот на европските вредности во земјите што природно им припаѓаат на Европската Унија.
Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Имаме аргументи за да види претседателот Макрон дека предлогот ‘методологија пред проширување’ може да се трансформира во ‘проширување заедно со промена на методологијата’, вели Заев. Целото интервју ТУКА.