Заев: Еве што е „чекан“, а што е „танц“

Оваа стратегија предвидува комбинација на силни, остри мерки за сузбивање и намалување на вирусот (чекан) на почеток а потоа и мерки за држење под контрола на заразата (танцот), напиша Заев на Фејсбук.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на социјалната мрежа Фејсбук објаснува што значи поимот „чекан“, а што значи „танц“, откако стратегиите за справување со економските штети од Ковид-19 тој ги нарече „чекич и денс“ во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Ви го пренесуваме статусот во целост:

„Стратегијата на ‘чекан‘ и ‘танц‘ во справување со коронавирусот e базирана на долгорочен пллан за сузбивање на вирусот преку комбинирани мерки и интензитет на нивно спроведување.

Оваа стратегија предвидува комбинација на силни, остри мерки за сузбивање и намалување на вирусот (чекан) на почеток а потоа и мерки за држење под контрола на заразата (танцот). Чеканот претставува почетна и агресивна реакција кон сузбивање на заразата и добивање на повеќе време за да може да се пронајде вакцина.

Во овие драстични мерки спаѓаат и мерките кои нашата држава навремено и ефикасно ги спроведува (затворање училишта, факултети, забрана за јавни собири, забрана за движење, изолација, самоизолација, тестирања).

Откако ќе се примени чеканот и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на танц односно периодот до пронаоѓање на вакцината кој може да биде и подолг.
Оваа стратегија дава добар резултат и може да го намали времето за справување со последиците, здравствени и економски. Ова е заедничка борба за сите нас, од нас зависи колку силно ќе удри чеканот и колку долго ќе трае танцот.

Да бидеме одговорни и сериозни, да ги почитуваме во целост мерките и задолженијата затоа што тие се за наше добро. Само така ќе излеземе како победници од оваа глобална здравствена и економска закана“, напиша Заев.

Тој објави и фотографија со која сликовите го објаснува терминот:

- Реклама -