Премиерот Зоран Заев информираше дека остварил телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен. Тема на разговорот била соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во актуелните услови на здравствена криза.
Како што соопшти Заев на Фејсбук, дер Лајен го известила дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од КОВИД-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан. Соодветен дел од нив, согласно бројот на жители, во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија, пренесува премиерот.
„Заеднички констатиравме дека европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје и ја потврдивме обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата“, додава Заев на Фејсбук.