Во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24, премиерот Зоран Заев не одрекува дека Законот за амнестија е донесен во функција на уставните измени. Но тоа не е единствената причина, истакнува Заев – донесен е и поради самото помирување, кое ѝ е потребно на државата за да продолжи напред.
„Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Да, точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. Од Мицкоски имаме неодговорен однос, зарем не треба да се носат одговорни одлуки. Со профилот на законот се амнестираат пратениците и уметниците. Дурловски, влезе и ја пееше химната. Тој треба да се суди на 20 години затвор? Но, законот е и за да се постигне помирување“, рече Заев.
Извор: Фокус.мк