Заев: Дожност на секој претседател на партија е да остави наследство и млади луѓе кои ќе ја унапредат

„Должност на секој претседател на партија е да остави наследство и млади луѓе кои имаат енергија. Претседател на СДСМ сум 8 години, а после нас треба да дојдат луѓе што ќе ја наследат партијата, меѓутоа со одговорност и обврска тоа да го унапредуваат, затоа што директно се рефлектира во Владата“, рече претседателот на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија – Зоран Заев, во гостувањето во „Утрински брифинг“, прашан за големиот број на млади луѓе во раководството на партијата.

Според Заев, овој состав на СДСМ е авангардата што ќе влече напред и што ќе генерира сосема ново поглавје на општественото живеење.

„Во партијата се градат структури кои ќе ја демократизираат. Да има дебата, да има различност, да има кавги на Централен и Извршен одбор, за да се калемат тие млади луѓе“, вели лидерот на СДСМ.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

Тој додаде дека политиките во партијата се носат преку разговори во комисиите на кои, покрај раководството, учествуваат и стручни луѓе од дејноста.

„Стручните комисии се отворени. Таму имаме сериозни општественици, меѓу првите имиња во било која од областите кои членуваат или помагаат“, вели Заев.

- Реклама -