Заев: Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија!

Објаснувајќи го процесот на промена на името и заблагодарувајќи му се на народот за товарот што го носел за промена на името, Премиерот на Република Македонија денес својата прес конференција ја заврши со пораката: Да живее Северна Македонија.

“За овој историски момент им се заблагодарувам на секој пратеник и пратеничка. Знам колку беше тешко тоа. Ги разбирам и горчината и лутината кои не го прифаќаат исходот од гласањето, но и оние кои се радуваат и слават.

Испишуваме нова реалност на Република Северна Македонија, членка на НАТО, наскоро и на ЕУ во иднината.

Идните генерации ќе бидат горди да ја нарекуваат свој дом нашата земја.

Донесовме одлука за безбедна и спокојна иднина.

Одлука со која нашата Република Северна Македонија, станува дел од модерниот свет.

После одлуката во македонскиот Парламент, ги разбивме сите дилеми и знаеме дека само заедно можеме напред.

Во идентитетот на нашата македонска држава се вградени и идентитетите на сите други што живеат тука, а не се дел од македонскиот народ.”

- Реклама -