Заев: Да не се префрла кој прв кажал, ќе разговараме пријателски

Недозволиво е во 21 век да зборуваме за јазикот, за идентитетските прашања, тие се апсолвирани прашања, одговори денеска премиерот Зоран Заев за време на еко акцијата „Аминистрацијата чисти со Не биди Ѓубре“, каде беше прашан за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

Тој најави средба со премиерот Бојко Борисов која би требало да се одржи на почетокот на 2020 година на која, како што рече, ќе разговараат отворено и пријателски, а не да се префла, кој прв кажал.

-Ние сме пријателски земји и ваквите дисонантни тонови се недозволиви каде што во 21 век зборуваме за идентитет којшто е впишан целосно во сите анали, во сите документи и во сите меѓународни организации. Јас го добив аплаузот и од бугарските пратеници кога зборував на македонскиот јазик во Европскиот парламент, истакна Заев.

Премиерот посети на на договорот што е потпишан за соработка и пријателство со Бугарија кој е на три јазици, и дека тој е потпишан согласно Уставот, односно на македонскиот јазик.

- Реклама -