Постои поврзаност меѓу спроведувањето на Преспанскиот договор и отворањето на поглавјата за интеграција во Европската унија, особено во неколку аспекти кои се однесуваат на внатрешната употреба на новото име на државата. Таа поврзаност постои бидејќи нашите пријатели Грците прифатиле такво решение поради европската иднина на Северна Македонија. Без отворање на поглавјата, имплементацијата на Преспанскиот договор, посебно во овој дел, е доведена во ќорсокак, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Euronews“ на грчки јазик, кое предизвика силни реакции во грчката јавност.
Заев истакнува дека македонската влада ќе се обиде да имплементира некои од тие одредби, но потенцира дека дел од имплементацијата на Договорот ќе остане замрзната, бидејќи не е можна поради меѓусебната поврзаност околу ротацијата на поглавјата, при која ќе го пpeдадеме националниот cyверенитет на Европската унија.
Премиерот истакна и дека европската перспектива на Северна Македонија е единствената опција не само за земјава, туку и за Западен Балкан, бидејќи во спротивно развојот на настаните ќе биде нeпpијатен и за земјата, и за целиот регион.
„Нема алтернатива за нас и ние добро го знаеме тоа. Нема други понуди кои можат да бидат алтернативи. Бидејќи другите понуди, иако постојат, не ни нудат демократија, владеење на правото, слободи. Ако ѕвездите на знамето на Европската унија згаснат, овде ќе има мpaк. А во мpaкот ние ќе се изгубиме. Бидејќи ако има плодна почва за paдикализaциja, за враќање на нaциoнaлизмoт, тоа ќе предизвика голема штeтa на целиот Балкан. А кога Балканот има проблем, тогаш и Европа ќе има проблем“, рекол Заев.