Премиерот Заев не ги отфрла предвремените парламентарни избори како можна опција, ако тоа биде потребно и/или ја гарантира успешноста на референдумскиот процес, т.е. постигнувањето на цензус (без оглед што ќе изгласаат граѓаните). Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека сите опции се отворени.