Премиерот Зоран Заев рече дека спроведувањето на ветингот е планирано уште од доаѓањето на власт, но не е започнато заради препораките од Европската Унија. Во интервју за А2 Си – Ен – Ен Албанија, Заев изјави дека тоа не било можно, бидејќи Европа ги очекуваше резултатите од ветингот во Албанија.
„Јас го ветив ова на изборите, не ветинг, туку она тоа што го сметам за признавање на правото на реизбор на судии и обвинители. Беше дел од програмата. Но, кога ја презедов функцијата, ЕУ не ми даде можност да го започнам процесот. Зошто? Затоа што можеби требаше да следат како тој одеше во Албанија, како ќе заврши таму. Тие ни кажаа дека немаме луѓе, нема како да ги пополниме работните места“, изјави Зоран Заев, Премиер.
Заев додава дека потребата од ветинг е наметната од однесувањето на некои судии и обвинители.