Заедничко за синооките

Имате сини очи? Имате уште нешто заедничко со сите синооки луѓе на планетата.

sinooka

Научниците открија дека првата личност со сини очи живеела пред повеќе од 7.000 години. До резултатите дошле откако пронашле посмртни останки на човек од камено доба во една пештера на североисточна Шпанија во 2006 година.

Тестовите покажале дека човекот имал темна кожа, но бил во блиско сродство со жителите од подрачјето на денешна Скандинавија. Научниците го правеле истражувањето на основа на ДНК од забите пронајдени во посмртните останки, а резултатите ги објавиле во списанието Nature.

Така на основа на сите истражувања востановено е дека лицата со сини очи се поврзани со мутацијата на генот  HERC2, кој делува како прекинувач што ја исклучува кафеавата боја.

Претходни резултати од 2008 година укажуваа дека првиот ген кој довел до мутација се појавил пред 10.000 години, на просторот околу Црното море.

- Реклама -