Дали работите од дома? Немате пари за канцеларија? Струја, вода,
интернет, кирија – сите тие сметки се премногу скапи за вашиот
freelancer-ски џеп? Во Америка постои простор каде за ефтини пари ќе ги
добиете сите благодети на канцелариски простор, кој ќе треба да го
делите со ентузијасти попат вас.
Дали работите од дома? Немате пари за канцеларија? Струја, вода, интернет, кирија – сите тие сметки се премногу скапи за вашиот freelancer-ски џеп? Во Америка постои простор каде за ефтини пари ќе ги добиете сите благодети на канцелариски простор, кој ќе треба да го делите со ентузијасти попат вас.
„Заедницата на канцелариски простори“ е една од новите опции за да започнете со бизнис. За само 10$ дневно или $170 месечно Hat Factory обезбедува биро, канцелариска опрема, интернет, телефон, заедничка кујна, приватна соба за состаноци, место за одмор и сите благодети на обичната канцеларија.
„Можете да се состанувате со луѓе и во кафуле, но потешко е дека тоа ќе бидат значајни средби“ – вели еден од членовите на Hat Factory.
Многу freelancer-и од модерното интернет време се „потрошени“ од работата дома поради негативнити ефекти како изолација од која може да се збудалите и не правење разлика помеѓу работното и приватното време.
Иако виртуелните канцеларии можат да ги задоволат потребите како седиште, телефон, интернет и слично, работењето заедно помага во надополнување на социјалните потреби кои луѓето ги имаат со едноставно зближување на групи со слични интереси.
Еден од основачите на овој проект вели: „ Направивме околина – отворен простор каде луѓето можат да се зближат, соработуваат и да создаваат големи идеи. Ќе видиме што ќе се случи понатаму.“
Да се надеваме дека и во Македонија ќе видиме нешто слично, бидејќи веруваме дека фали ваква идеја која ќе ги соедини сите ентузијасти кои работат по дома.