Зачини со лековита моќ

Луѓето често ги употребуваат зачините за да ѝ дадат посебен вкус на храната. Има многу различни видови на зачини, а вкусовите се индивидуални. Но, кои зачини имаат својство да бидат благопријатни за организамот?

Цимет

Одличен зачин. Делува превентивно против кардиоваскуларни заболувања но и против дијабетес. Според најновите истражувања направени од американските научници, циметот може да го снижи нивото на шеќер за 20 %. Освен тоа, циметот има и антифунгално својство т.е може да ги уништи габичните инфекции или да го спречи нивниот раст.

Ловоров лист

Ретко кој го употребува, меѓутоа на сите им е познат. Па можеби е и време да почнете да го употребувате почесто бидејќи е одличен антисептик, ги лекува проблемите со желудникот и ја потикнува правилната дигестија. Ловоровиот лист е препорачлив во месната исхрана бидејќи содржи ензими кои ќе го подобрат варењето.

Чили

Одличен зачин, многумина едноставно го обожаваат, а ако и вие сте еден од нив не грижете се бидејќи чилито е одличен, вкусен и здрав зачин. Чилито ја подобрува циркулацијата, делува стимулативно на организамот, го намалува крвниот притисок, го намалува холестеролот и одличен е за луѓе кои планираат да ослабнат некој килограм.

Бибер

Биберот е одличен зачин кој може да се додава во многу јадења. Биберот ја подобрува дигестијата, а според многу истражувања ги уништува бактериите во храната кои можат да предизвикаат труење. Одличен е за луѓе кои патат од ревматски заболувања, има бактерицидно дејство, а го штити и видот.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -