„Во изминатите две и пол година, Владата, како централна извршна институција, успеа да ги демократизира институциите“, истакна националниот коодинатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија – Марјан Забрчанец, на вечерашната програмска трибина на СДСМ „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”.
„Институциите да ги опслужуваат граѓаните, наместо да ги злoyпотребуваат, пpoпагандата ја претворивме во транспарентност”, рече Забрчанец, истакнувајќи дека ние сме прва држава во регионот која има акциcки план за справување со дезинфopмации.
Според него, Северна Македонија е лидер во трансперентност во регионот, но со сигурност може и подобро. Сепак, „она што мора да го имаме предвид е дека сите потврдуваат дека живееме слобода“, додаде Забрчанец, кој воедно е и модератор на трибината:
„Прашајте го таксистот, пазарџијата, административецот – сите потврдуваат дека живееме во слобода“, рече тој.
На трибината говорници се и министерот за комуникации, транспарентност и отчетност – Роберт Поповски, потпретседателот на СДСМ – Коста Петров, Снежана Трпевска – комуниколог и истражувач од Институтот РЕСИС, Филип Стојановски од Фондација Метаморфозис и Драган Антоновски – директорот на Медиумската Информативна Агенција (МИА).