„Не го оставај Скопје во неизвесност. Изгубено Скопје значи дека државата ни отишла во опасност“, порача националниот координатор за стратегиски комуникации на Владата – Марјан Забрчанец, во пресрет на вториот изборен круг.
Тој ги повика граѓаните да гласаат „за да знаат на што се“.
„Скопје бара одлука, а тоа значи излегување на гласачко место и гласање. Недела е денот. Гласај. Не ги оставај Градот и државата на сомнителни лица. Гласај за да знаеш на што си
Гласај за 12, за Петре, за СДСМ. Гласај за јасна, извесна и проверена опција. Гласај за тие што слушаат, што уважуваат, што се подобруваат“, напиша Забрчанец на Фејсбук.