Забрането откривање на гради, задници и гениталии на „Греми“ наградите

lady-gaga-grammy-style

Додека „Греми“ наградите досега беа познати по возбудливите настапи и провокативните комбинации на светските ѕвезди, овој пат ќе има мал новитет, бидејќи настапувачите ќе мораат да бидат пристојно облечени. Според новото правило, откривање на задници, гради и гениталии е забрането.

Имено, сите изведувачи кои оваа недела треба да настапат на „Греми“ сцената, добиле писмено предупредување за нивната гардероба.

Во e-mail-от се наведува дека „задниците и градите мораат да бидат адекватно покриени“. Пејачките исто така биле предупредени дека костимите со танга-гаќички се недозволиви бидејќи кожата околку нив не смее да се гледа. Славните ќе треба да избегнуваат и проѕирна облека под која се наѕираат брадавици, како и предлабоки деколтиња. Во листата на забрани се најдоа и беџовите и брошевите на кои стојат натписи.

Во писмото се наведува дека ѕвездите кои нема да ги испочитуваат одредените прописи ќе бидат отстранети од церемонијата.

- Реклама -