Голем дел од рекламните кампањи, рекламни постери или маркетинг видеа, ја добиваат етикетата на забрана, најчесто поради тоа што содржат насилство, расизам, сексизам или едноставно се оценети како недолични поради некоја друга причина.
Денеска ќе се задржиме на неколку рекламни постери што предизвикаа скандал со своето објавување, а непосредно после тоа беа отстранети.
Истите тие, не се засекогаш закопани, бидејќи благодарение на интернет просторот го пронаоѓаат своето место во вакви „забранети“ колекции.