Забранетата слика, убиството на Кенеди, и мистериозниот човек со чадор

Многумина имаат слушнато за филмот на Запрудер – единствената снимка од атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди. На тој сончев ноември 1963 година во Далас настанаа вкупно 486 слики филм. Зад камерата стоеше кројачот Абрахам Запрудер, кој во тие 26 секунди го сними едно од најголемите убиства во историјата.

Меѓутоа, малку е познато дека Запрудер лично барал да не се објави ниту една слика од целиот филм. Сликата број 313 особено му приредувала кошмари, бидејќи тоа е сликата на која јасно се гледа моментот кога куршумот излегува од главата на Кенеди и исфрла дел од неговото мозочно ткиво.

Требаше да поминат повеќе од дестина години по убиството пред американската и светската јавност конечно да ја види таа слика. Како што пишува Smithsonian, Запрудер ги продал авторските права на магазинот Life, но јасно нагласил дека тој не сака да ја објави клучната слика. Не сакал да го пушти тоа зло во американската колективна свест, а и Life подоцна го делеше неговиот став.

Меѓутоа, некој сепак го објави целиот филм, заедно со сликата 313. Тој некој беше Џералдо Ривера – славен телевизиски водител.

Кога во 1975 година првпат го прикажал целиот филм, американската јавност првпат го виде тоа за што веќе имаше многу читано, па се родија и првите теории на заговор.

Кога следната 1976 година специјалната комисија започна нова истрага за убиството на Кенеди, решија да бидат потемелни. По завршувањето на истрагата, 3 години подоцна, заклучија дека ЦИА и ФБИ задржале некои клучни документи кои не ги доставиле во претходните истраги.

Убедливо најконтроверзниот заклучок дошол врз база на снимките од полициското радио, според кои било забележано и четврто пукање од ридот пред поворката на Кенеди. Тоа би значело дека имало и друг убиец, и дека Ли Харви Освалд бил само дел од поголема завера. Години подоцна, по неколку стручни прегледи, американската академија за наука дојде до заклучок дека снимката не е адекватен доказ. Истрагата се врати на почеток.

Човекот со чадор

Теориите на заговор никнаа како печурки после дожд, а многу се зборуваше за мистериозниот човек со чадор. Сите се прашуваа што бара еден угледно облечен човек, сам, со чадор. Меѓутоа, Louie Steven Witt – како што се викаше тој човек, сам се пријавил кај истражителите за да им ги раскаже своите мотиви. Рекол дека дошол со чадор зашто се противел на работата на таткото на Кенеди – Џозеф Кенеди, кој во 30-тите години на минатиот век негуваше попустлива политика кон Адолф Хитлер. Иконата на таквата политика, премиерот Невил Чембрлејн, се врати со Берлин со таков чадор откако допушти анексија на дел од Чехословачка. Тогаш Чембрлејн прогласи дека обезбедил долготраен мир, но веќе следната година Германците и Британците беа во војна. Со други зборови, „мистериозниот човек со чадор“ беше само обичен човек кој симболично протестираше.

Со тоа е разрешена и една од последните алтернативни теории за убиството на Кенеди.

Express.hr

 

- Реклама -