Во 2016 година, Миленко Неделковски, на својата фан страна на социјалната мрежа Фејсбук, објави пост, со видео од нова емисија во склоп на своето шоу, насловена како Вистината за Макпетрол, Оилко и Андреја Јосифовски.
Премиерата на оваа емисија не беше емитувана на ТВ. Дали поради некоја причина на некого не му одговарало оваа емисија да биде емитувана пред македонската јавност?
Неделковски, тогаш преку својата фан страна, повторно се обрати кон своите фанови со информација дека во текот на ноќта се случил обид видеото да биде отстрането, со цел спречување на негово ширење и прегледување на YouTube. Тој во својот нов пост напишал:
„Бидејки во последните 12 саати имаше десетици обиди да биде симната емисијата од мојот YouTube канал, бидејќи имаше обиди за бришење и уништување на материјалот, соопштувам дека на крајот НЕ УСПЕАЈА.
За сите илјадници луѓе што не ме оставија да спијам синојка и да бидам раат утрово, ова е инфото“.
Еве ја целата емисија: