Продавници за миленичиња во Њујорк биле приморани да воведат забрана за купување кученца под дејство на алкохол поради бројот на пијани љубители на животни. Сопствениците на Le Petit Puppy велат дека оваа одлука е одговор на бројот на луѓе кои излегуваат од баровите во близина на нивната продавница и сакаат да купат едно од нивните кученца.
Проблемот најверојатно потекнува од фактот што продавницата е опкружена со барови и дека по пиењето многу луѓе се привлечени кон слатките кученца во излогот. Во минатотот луѓе кои купиле кученце додека биле пијани се враќале следниот ден сакајќи да го вратат. Па сега, дури и ако купувачот ги има потребните 1200 до 3000 долари за кученце, ако е пијан истиот ќе биде одбиен и ќе му биде кажно да се врати кога ќе се отрезни, или да се задоволи со преносот во живо од нивниот излог.
{youtube}2pI4Lz00F6I{/youtube}