Во сиот метеж што се случува во Европа во последно време и нејзините потешкотии да се справи со најголемите мигрантски и бегалски бранови што некогаш и се случиле, интересно е што постои човек како Џозеф Шулц. Тој е полски фотограф и работи на својот фото-серијал Übergang (во превод: „преминување“), во кој ги истражува напуштените гранични воени пунктови ширум континентот.
Интересно, секој од овие пунктови веќе не припаѓа никаде. Едноставно стојат, постојат и се распаѓаат – со скршени прозорци и стакла, со ‘рѓосани врати и излупена боја, како потсетник што го соединува минатото со сегашноста.
Иако од граничната полиција нема ниту трага, а објектите се сосема безопасни, кај Шулц знаат да предизвикаат и непријатни чувства, враќајќи му ги лошите спомени од времето кога Европа беше поделена од строги граници. Со неговите фотографии, тој сака да демонстира дека физичките траги од границите е невозможно да се заборават: „Границите беа линии, нацртани не само низ териториите, туку и низ нашите глави“.