Сите ние мислиме дека знаеме како да живееме, но грешиме. Брзањето, работата несвесно прават да се лишиме од малите и слатки задоволства, кои што го чинат живеењето интересно.
Се обидуваме да бидеме среќни, а не обрнуваме внимание на своите желби. Понекогаш едноставно мора да подзастанеме за момент, да земеме длабок здив и да сфатиме колку многу имаме и дека повеќе не ни е потребно. Во следните редови погледнете што пропуштаме, а ако обрнеме внимание нема да зажалиме.
1. Уживање во изгрејсонцето.
2. Да се јавиш на некој само за да му кажеш дека го сакаш.
3. Да им кажуваш на блиските и пријателие колку многу ти значат.
4. Да штедиш за патување. Светот е бајка, треба да го запознаеш.
5. Да внимаваш на мали и навидум безначајни предмети кои те потсетуваат на најубави моменти.
6. Да создадеш врска која има значење за тебе, дури и кога сè друго ќе изгуби смисла.
7. Да ги цениш работите кои ги имаш и да престанеш да мислиш за она што го немаш.
8. Да го разубавуваш светот.
9. Да се изразуваш. Да пронајдеш начин да го направиш тоа, без ограничување.
10. Да успееш да се почитуваш себе и да стоиш настрана од луѓето кои што не можат да увидат каков човек си.
11. Да правиш лудости, дури и кога ти се чини дека тоа не е добра идеја.
12. Да го исклучиш телефонот, кога со на вечера со најблиските.
13. Фотографирај ги повеќе саканите и семејството.
14. Насмевни се и посакај им на соседите убав ден.
15. Да размислиш што е она што те прави среќен.