Заборавени славни личности кои нѐ напуштија во 2009 година

СлавниВо годината кога умреа многу големи славни имиња (како Мајкл Џексон и Патрик Свејзи), речиси никој не најде време да им оддаде почит на некои заборавени славни личности кои исто така веќе не се меѓу нас. Еве некои од најпознатите.

Во годината кога умреа многу големи славни имиња (како Мајкл Џексон и Патрик Свејзи), речиси никој не најде време да им оддаде почит на некои заборавени славни личности кои исто така веќе не се меѓу нас. Еве некои од најпознатите.

СлавниРикардо Монталбан, 16 јануари 2009

Рикардо Монталбан е еден од првите актери со латино потекло кој стана ѕвезда во Холивуд, толку колку што неговата етничка група тоа го дозволувала во педесеттите. Фановите на „Ѕвездени патеки“ сигурно го паметат од вториот филм во серијалот, „Гневот на Кан“, во кој тој го играше главниот негативец – Кан. Умрел од масивен срцев удар.

СлавниВејн Алвин, 18 мај 2009

Вејн Алвин е третиот актер што му го позајмувал својот глас на дизниевиот најголем јунак, Мики Маус, од 1977 година, па сѐ до смртта. Него го наследи неговата сопруга, Руси Тејлор, како четвртиот глас на Мики. Умрел од компликации поради дијабетес.

СлавниМилвина Дин, 31 мај 2009

Милвина Дин беше последниот преживеан патник од потонувањето на бродот „Титаник“. Таа била на тоа патување на возраст од само 9 недели, а по смртта, нејзината пепел е расфрлена на местото од каде што испловил „Титаник“. Умрела од пневмонија.

СлавниХенри Гибсон, 21 септември 2009

Хенри Гибсон беше еден од оние актери што постојано ги гледате по филмови (најчесто во мали улоги), а никогаш не можете да се сетите кои се точно. Најзабележителна негова улога е гласот на прасето Цанко (Вилбур), во филмската адаптација на книгата за деца „Пајажината на Климентира („Пајажината на Шарлот“) од 1973 година. Умрел од рак.

СлавниЛу Албано, 14 октомври 2009

„Капетанот“ Лу Албано беше професионален борач (кечер) кој го доби внимаинето од телевизиските продуценти, кои најчесто му доделуваа улоги во спотови и мали појавувања во серии. Најпосле, тој беше одбран како првиот човек што ќе го игра Супер Марио во „Супер шоуто на браќата Марио“ и засекогаш остана запаметен како оригиналниот Супер Марио. Умрел од природна смрт.

СлавниЕван Чендлер, 5 ноември 2009

Еван Чендлер многу пати е нарекуван „Џон Вилкс Бут“ на поп музиката. Ова се должи на фактот што тој буквално изврши атентат на кариерата на Мајкл Џексон, откако го натерал својот син да го обвини „Кралот“ за сексуално малтретирање (нешто што подоцна призна дека било лага). Но, пандорината кутија беше отворена и потоа се појавија уште многу деца чии родители сакаа на истоветен начин да се спогодат надвор од судница. Веројатно е поетска правда што тој реши да се самоубие во истата година кога умре Мајкл Џексон.

- Реклама -