Отровните коментари од околината се сол на раната која луѓето ја споредуваат со прекин на врската, но разведените тврдат дека искуството е болно поеднакво на смрт на партнерот.
Да ставите крај на бракот не е ни најмалку лесно. Разводот е болно искуство кое не влијае само на парот, туку и на сите околу него.
Тешко е да се продолжи понатаму, а тоа ни најмалку не ги олеснува отровните коментари од околината.
Во продолжение ви претставуваме неколку заблуди со кое се соочуваат луѓето, во текот на разводот од бракот.
– Оние кои не поминале низ развод, мислат дека е едноставно да се донесе таа одлука. Тоа не е така, затоа што жалите за партнерот кој сте го сакале и врската што сте ја создале.
– Врежано е мислењето дека разводот е ист како прекин на врската. Тоа не може да се спореди.
– Луѓето, постојано ви говорат како за нив разводот е последната опција. Тие мислат дека е срамота, но понекогаш разводот е најдобарата одлука што сте ја донеле.
– Разведените лесно „кренале раце“ од бракот. Уште една заблуда. Но, тоа најчесто го говорат оние кои штотуку се венчале или оние кои никогаш не го направиле тоа.
– Околината се однесува како да е разводот заразен, па ве избегнуваат. Луѓето мислат дека сте требале да се потрудите повеќе, поради децата. Меѓутоа, моите деца само сакаат да им бидат родителите среќни.
– Луѓето се плашат дека нема да се снајдат после разводот, но факт е дека сега ми е подобро, отколку за време на бракот.
– Тие секогаш бараат виновник, но понекогаш нема, бидејќи едноставно луѓето се промениле.
– Луѓето мислат дека тоа е можност за развод, но понекогаш е само трагедија.
– Тие забораваат дека постојат две страни од приказната.
– Откако ќе се разведете, луѓето мислат дека повторно сте на „пазарот“.
– Луѓето мислат дека најлошото поминало со потпишувањето, а понатаму остануваат омраза и лутење.