Прочитајте ги овие осум заблуди за убавина, кои со сомнителни методи ветуваат дека ќе изгледате подобро и проверете дали некогаш сте ги практикувале бидејќи така ви препорачале „експертите“.
Кремот за лице нанесете го на влажна кожа
Сигурно ви зборувале дека кремовите треба да ги нанесувате на влажна кожа за да ја „врзете“ влагата? Овој совет може да биде корисен ако нанесете лосион за тело на влажна кожа и дозволите таа слободно да го впие, меѓутоа, крем на влажно лице ќе резултира со лизгава кожа на која тешко се нанесува шминка.
Сјај за усни наместо сенка за очи
Користењето на лепливиот сјај за усни како сенка за очи веројатно е најлошиот совет! Проблемот е во неговиот состав, кој е навистина наменет само за усните, а истото важи и за руменилата. Поголемиот дел од руменилата и сјаевите се премногу масни за пределот околу очите, па подобро е да си купите барем една нормална сенка за очи.
Лепак против митесерите
Советот е особено лош секогаш кога вклучува лепак во близина на лицето. Него чувајте го за некои други работи и дозволете им на козметичките средства да си ја завршат работата, зашто лепакот може само да ја влоши состојбата.
Карминот прави да изгледате постаро
Ова е дефинитивно мошне бесмислен совет. Некои нијанси на розова боја можеби природно асоцираат на постари жени, но розовиот кармин дефинитивно нема да предизвика да изгледате постаро. Постојат различни нијанси и текстури, па не дозволувајте овој бесмислен „совет“ да ве спречи во користењето на розовиот кармин.
Пудрата тестирајте ја на рака
Ако размислите ќе сфатите дека не е логично да ја тестирате пудрата на раката, кога секако ќе ја нанесувате на лицето. Ако не верувате, застанете пред огледалото и доближете ја раката до лицето. Ќе видите дека кожата се разликува.
Сувата кожа негувајте ја со суперлепак
Кој би рекол дека лепакот дури два пати ќе се најде на оваа листа. Користењето суперлепак на кожата, а особено на чувствителните и многу суви делови е многу лоша идеја. Баш како што и звучи. Состојките на суперлепакот може дополнително да ја иритираат и да ја инфицираат кожата. Исто така, треба да помине многу време за суперлепакот во целост да се измие од кожата, па подобро е да го зачувате за искршените фигури во домот.
Отстранувач на лак за нокти против акни
Ова е веројатно најтоксичниот совет од листава. Зошто би сакале на лицето да ставите нешто што може да отстрани лак за накти? Отстранувачот на лак за нокти може само сериозно да ја исуши кожата, а агресивните хемикалии долготрајно да ја оштетат, затоа него употребувајте го само на ноктите и никако на лицето.
Премногу коректор под очите
Ако нанесете коректор со погрешна нијанса, па уште и ставите повеќе отколку што треба, тогаш ризикувате уште повеќе да ги истакнете темните кругови под очите. Коректорот нанесувајте го во мали количини и бидете сигурни дека нијансата одговара на вашата кожа.