Забавни секс сцени во познати филмови (Видео)

Сексот во филмовите е дел од бројни сценарија, но може ли на целата ситуација да се гледа со смеење? Секако!

Сексуалните незгоди се совршени во составот на успешните комедии, а тоа многу добро го знаат продуцентите. Но, не е лесно да се направи сцена која на сите ќе им биде урнебесна, а водено можат и да се поистоветат со истата.

Во продолжение е листа на најсмешни секс сцени, кои морате да ги погледнете повторно 🙂

1. This is 40

Сцената под туш е една од најсмешните сцени некогаш снимени, но она што мажите треба да го запаметат дека никогаш не треба да ја признаат вистината, во врска со сините таблетки за издржливост.

2. Forgetting Sarah Marshall

Тантра и многу лузерски секс, и двата совршени за смеење.

3. Crazy Stupid Love

Ова е сцена која ја замислуваат жените ширум светот  – Рајан Гослинг сосема гол! П.С Неговите мускули во овој филм не се фотошоп 🙂

4. American Pie

Ретки се оние кои што не „изеле“ барем еден дел од питата во повеќе од 5 продолженија. После ова, питата никогаш повеќе не е иста.

5. ТЕД

Тој е неодоливо, перверзно, плишано мече кое би го посакале за пријател. Се сеќавате ли на неговата „валкана мечја фантазија“ во маркетот. Погледнете повторно…

- Реклама -