Начо Диаз е шпански илустратор чии илустрации не само што се досетливи и смешни, туку преку невообичаените споредби ви овозможуваат и совршено да опишете разни „пред и после“ ситуации од своето секојдневие. На пример: Пред кафе сте како разместена и флегматична Рубикова коцка. По кафе сте наместена Рубикова коцка спремна за авантури…
Туку да не трошиме зборови, визуелно поубаво „звучи“. Еве, уверете се:
• Пред и по сончање
• Пред и по селфи (читај: пред и по вовлечен стомак)
• Пред и по факултет
• Најстрашни нешта кога си дете vs. кога си возрасен/а
• Пред и по шминка
• Пред плата vs. после плата
• Пред ручек кај баба ти vs. после ручек кај баба ти
• Пред туширање vs. после туширање
• Пред нужда vs. после нужда
• Пред и после шишање
• Пред и после шминка/дотерување
• Пред пубертет vs. во пубертет
• Пред бричење и после бричење
• Пред vs. после денот кога некое дете да ти рече „чичко“/„тетке“
• Пред кафе vs. после кафе
• Пред празници vs. после празници
• Пред кафе vs. после кафе
• Пред диета vs. после диета
• Пред вежбање vs. по вежбање