За здравје и богатство: Предмети што треба да ги имате за време на новогодишните празници

Добриот Фенг Шуи за добра нова година подразбира да имате одредени предмети и бои кои ќе ви донесат среќа и благосостојба, но и повеќе пари. Овие предмети чија улога е да ви привлечат богатство и здравје во деновите што следат се претежно со црвена боја. Оваа огнена нијанса претставува огнен елемент и во концептот на Фенг Шуи и се симбол на богатство и напредок.

Еве со што треба да се „наоружате“:

 

Црвен паричник
Новиот паричник симболизира дека сте подготвени да примите ново богатство при влезот во новата година (не само материјално, туку и духовно). Црвената боја ќе помогне да привлечете добри вибрации.

1-red-wallet-open-lgn[1]

Црвена облека
Гардеробата во црвена боја ќе привлече среќа за во новата година. Совет од Фенг Шуи учителите е токму во црвено да ја поминете новогодишната вечер. Не е важно дали е главното парче црвено или само некој детал од гардеробата.

 

red_clothes

Црвени чевли
Чевлите се поврзуваат со чекорењето во подобри ситуации, години, времиња. Затоа црвените чевли ќе симболизираат дека сте подготвени да зачекорите напред во подобро утре.

red-shoes[1]

Златен накит
Дискретниот златен накит „ќе повика“ изобилство и повеќе пари за вас и вашите најблиски.

il_fullxfull.343821941[1]

Нов часовник
Симболизира дека се движите напред, а купувањето на нов часовник ќе привлече позитивна Чи енергија. Дури и најобичниот и најевтиниот часовник ќе биде доволен за позитивен удел во новата година.

pl1728240-50m_waterproof_new_wrist_watch_genuine_leather_band_and_white_diamond[1]

Голема торба
Овој детал симболизира дека очекувате доста добри нешта и дека ви е потребна голема торба во која би ги сместиле сите благодети на овој свет.

bag

- Реклама -